(ФОТО): Се собра старата банда на шампионките од „Кометал“
Жареа и палеа на терен. Срцата ги оставија играјќи за триумф, па ја пееја “Македонско девојче”… Дами од титаниум достојни за почит
Тие не направија во еден момент најгордата нација на светот! Сите се сеќаваме кога женскиот ракометен клуб „Кометал Ѓорче Петров” ја освои шампионската титула достојна за секаква почит! Оние што играа, беа национални хероини и ретко кој како нив не имаше сплотено заедно. Испишаа историја.
Денес, по толку години, секоја од нив е на различна страна и има или делумно има допир со ракометот. Ама си останаа најдобри другарки. Во име на нивното пријателство, заедно се собраа на маса Анжела Платон, Мими Чупиќ, Елена Златановска, Лариса Кисељева, Андријана Будимир и Индира Кастратовиќ.
Ретко да се видат сите на едно место, но за шампионките секоја нивна заедничка средба е преполна со емоции и сеќавања...
Под фотографијата Будимир напиша „стара банда".
Н.Т.