ФОТО: Серафимов е нов играч на МОЛ Фехервар, официјална презентација на македонскиот репрезентативец

Репрезентативецот на Македонија,  Никола Серафимов, официјално е  промовиран за нов играч на унгарскиот тим МОЛ Фехервар. 

Одбранбениот играч на македонската репрезентација,  во МОЛ Фехервар дојде од редовите на Залаегерцег.

„Откако настапувам во Унгарија, видов  дека овој клуб е еден од најголемите во фудбалското првенство,  среќен сум што ќе играм во овој дрес и воопшто не се двоумев кога добив понуда“, изјави Серафимов на промоцијата.