ФОТО: Шалке преговара за Чурлинов со Штутгарт, веќе го имаат на листата за Бундеслигата
Шалке се врати во елитата на Германија, со тоа станува неизвесен статусот на Дарко Чурлинов во клубот, тој е на позајмица од Штутгарт до 1 јули во клубот од Гелзенкирхен.
Македонскиот репрезентативец одлично се снајде во Шалке, стана миленик на навивачите, одигра одлична полусезона, проблем е договорот со Штутгарт, кој најави дека по завршувањето на сезоната ќе го врати назад на „Мерцедес“ арената.
Шалке има сериозни намери да се засили за новата сезона во која ќе игра во Бундеслигата, а во плановите е и Дарко Чурлинов кој летово ќе наполни 22 години во јули.
Желбата се чини и обострана, и Чурлинов би останал во Шалке, но сè зависи од Штутгарт, во меѓувреме, се зголеми локалниот притисок, македонскиот репрезентативец да остане во Гелзенкирхен.