ФОТО: Шефилд заработил повеќе од ТВ прва отколку Интер, Јувентус и Милан !

Разликата во заработувачка од ТВ права на клубовите секогаш е интересна тема, последната анализа колку заработија тимовите во Италија и Англија, говори за драстична разлика.

Водечките клубови од Италија, Милан, Интер и Јувентус, заработија помалку пари од ТВ права во однос на последните три екипи од Англија!

Интер во Серија А за ТВ права заработил 84,2 милиони, Јувентус 77,9, додека шампионот Милан 77,8 милиони.

Интересно е тоа што, сите овие три гиганти од Серија А, заработија помалку од последниот тим на табелата во Премиерлигата, Шефилд сезоната ја заврши со добивка од 105,6 милиони.