ФОТО: Шкупи е сензација во регионот, спиеја на плажа и лежеа во Мекдоналдс, па го шокираа Динамо на „Максимир“

Шкупи обезбеди супер резултат на „Максимир“, второ квалифкациско коло во Лигата на шампионите, со фаворитот Динамо Загреб одигра нерешено 2-2.

Регионот му се потсмева на Динамо, скапиот и фаворизиран тим од Хрватска потклекна пред Шкупи, неколку дена претходно, играчите на македонскиот првак спиеја на плажа, одмараа во Мекдоналдс, а сега ги шокираа „модрите“.