Спорт // Спорт
ФОТО: Штутгарт му се обрати на Шалке, за Чурлинов треба да одвоите...
Дарко Чурлинов од 1 јули повторно е играч на Штутгарт, има договор до 2023 година, со Шалке одигра одлична полусезона, сега клубот од Гелзенкирхен сака да го задржи за настапите во Бундеслигата.
Штутгарт според „Кикер“, ја одреди цената по која ќе му дозволи на Дарко Чурлинов да го продолжи престојот кај Шалке на перманентна основа, за тоа клубот од Гелзенкирхен ќе треба да одвои 3 милиони евра.
Чурлинов кај Шалке имаше добар ефект за една полусезона, македонскиот репрезентативец запиша 2 гола и седум асистенции.