(ФОТО) Со цена од 250 милиони, можете да сонувате за оваа вила

Многу софистициран дизајн кој овозможува непречен луксуз.

BEL AIR SPEC MANOR Претставува една од најскапите вили во светот. Се наоѓа во Лос Анџелес, а нејзината сума изнесува 250 милиони долари.

 Моментално се продава. Изградена е во футуристички стил, поседува 12 спални соби, 21 бања и три кујни.

Има базен со вграден телевизор и прекрасен поглед на градот. 

Ентериерот е исто така футуристички. Винаријата ги има најдобрите вина, Кино салата може да прими до 100 гости, мебелот е минималистички, а лустерите од месинг и 24 каратна позлата.

Има 24 часовен видео надзор, посебни расртенија кои се многу ретки и воздухот во вилата е прочистен со дополнителен кислород кој мириса на лимон.