,

(ФОТО) Специјално издание на Bentley Bentayga моделот

Bentley се здружи со реномираниот кројач Savile Row, за да креираат два „Bentayga“ модели во специјално издание, во соработка со Jack Barclay – најголемиот и најстариот Bentley продажен салон.

Екслузивниот „Bentayga“ проект ја прославува својата величествена годишнина и на Bentley и на Huntsman бренодот, кој својот прв „Savile Row“ бутик го основаше во 1919 година. Двата модели од специјалното издание наречени Sportsman и Businessman, ги користат Huntsman ткаенините со амбемските бои и детали на Bentley, рефлектирајќи ги иновативните животни стилови на своите потрошувачи. Кавината содржи дистинктивен дезен на ентериерот  базиран на твид, вклучувајќи го и ексклузивниот Peck 62 – дезен кој исклучиво се користеше само за годишнината на Huntsman во 1962 година.

“Bentley е воодушевен што ги спои овие два толку величествени бренда. Персонализацијата на која работевме се сведува на оживување на една визија.“ – вели Стефан Сијелаф, дијазн директор на Bentley.

Businessman варијантата доаѓа со црните и сатенски антроцитни детали во екстериерот. Урбаната кабина содржи карбонски детали, кои се во контраст со акцентите од твид. Главните акценти на моделот се „Mulliner“ шаховкста табла на наслонот на задното седиште, комплетирана со фиока која е поставена со Huntsman ткаенина и ги крие шаховските фигури.

Sportsman моделот е во малку полежерен стил, па содржи многу малку твид во ентериерот, вклучувајќи „Bentley Imperial Blue“ кожа. Huntsman Edition Bentayga моделите доаѓаат во комбинација со јакна направен по мерка. Цените на овие два модела автомобили уште не се познати.