ФОТО: Спектакл во Казањ, Македонија дел од големиот проект „Фудбал за Пријателство Фигитал“

Пред големото финале на овогодишното издание на еден од најголемите општествено одговорни проекти за деца во светот, “Фудбал за Пријателство Фигитал“ (Football for Friendship. Phygital), во јавноста се обратија амбасадорите на проектот– најпознатиот руски фудбалски ас на 21. век, Андреј Аршвин, иницијаторот на проектот „Голкик“ од Гана - Шаиб Али Ајорн и тројца млади асови на првиот турнир- спој на фудбал на теренот и преку конзола - синот на познатиот Јуриј Жирков, Мирон Жирков (Рубин Казан), Евгениј Соловиев (Зенит) и Жан Али Јергамбетов од Казахстан, земјата - домаќин на следното издание на „Идните игри“.

Ми претставува огромна чест и задоволство да бидам Амбасадор на проектот, по Роберто Карлос и покојниот Франц Бекенбауер. Фудбал за пријателство опфаќа 211 земји ширум светот и е проект кој на голем број начини влијаеше на светот на фудбалот и неговите најмлади играчи. Оваа година проектот е проширен со фигитална дисциплина, што е особено важно затоа што на сите нас ни е важно децата на оваа возраст покрај актуелните трендови со играње игри со помош на конзоли, правилно да се развиваат во физички и општествен контекст. Важна новост на овогодинешниот турнир е поттикнувањето на тимскиот дух, односно негово пренесување од вистинскиот фудбал на дигиталниот, каде децата најчесто се сами. Денешниот развој на сајбер спортови им овозможува на децата да станат успешни и во тој вид на натпреварување, што во мое време не беше случај. Јас припаѓам на генерацијата која не можеше да го ’рестартира’ натпреварот ако конечниот резултат не беше задоволителен. Драго ми е што денешните играчи на фигитал, подеднакво полни со емоции и со спортски став пристапуваат на вистинскиот фудбал како и фудбалерите“, изјави Аршвин, Директор на развојната програма на фудбалскиот клуб „Зенит“ со кој во 2008 година го освои УЕФА Купот и добитник на одликување од Руската Федерација за заслуги во областа на спортот.

Поранешниот учесник во проектот “Фудбал за Пријателство“, Шаибу Али Ајрон даде краток осврт на програмата “Голкик“, која ја покренал во родената земја Гана, со цел социјализација на деца преку сродни спортски и образовни програми и со тоа инспирирал слични проекти во Того, Либерија и Камерун. На присутните им се обратија и младите амбасадори - учесници на овогодинешната манифестација од Русија и Казахстан и учесници во премиерниот фигитал фудбалски турнир.  

На почетокот навистина беше предизвик да играм со моите соиграчи од други земји, бидејќи баравме зборови што сите можеме да ги разбереме, но во изминатата недела научивме толку многу еден за друг, научивме како да се вклопиме во тимот - и станавме вистински пријатели”, изјави Евгениј Соловиев од “Зенит“, според кој “победата“ е најважната од 9-те носечки вредности на проектот “Фудбал за Пријателство” затоа што инспирира емоции кои на сите им се заеднички.  


Мирон Жирков е наследник на познатиот руски репрезентативец, Јуриј Жирков. Има намери во кариерата да го надмине својот татко и на тој начин да го оствари својот прв спортски сон. “Пријателството е клуч за успехот и во тоа се уверивме преку секој тренинг и натпревар кои ги одржавме во рамки на овој турнир“ – изјави Мирон.

Жан Али Јергамбетов од Казахстан ги повика сите присутни “да бидат негови гости” на следното издание на “Игри на иднината” кои следната година ќе се организираат во неговата земја. “Голем љубител сум на ова натпреварување, затоа што по возбудливите натпревари на игрите со конзоли буквално влетавме на фудбалскиот терен како да имаме крила“, изјави идниот домаќин на сите негови фудбалски пријатели во Астан во 2025 година.


По уште една исклучително изведена свечена церемонија на централниот терен за фигитал фудбалско натпреварување во големата сала “Казан Експо Центар“, пред полните трибини се претставија тимовите – финалистиГоби Мечка“ со Давид Џољевски од Северна Македонија (одбраа да бидат “Реал Мадрид“ во дигиталниот свет) и “Сокоро Гулаб“ (“Манчестер Сити“), чиј натпревар започна со натпреварување во ФИФА играта пренесувана во живо на џиновските екрани во салата. По убедливото водство на „гулабот“ стекнато на ФИФА од 11:2, доминацијата продолжи и низ вистинскиот фудбалски натпревар, кој резултираше со конечни 15:6 и прекрасниот „Трофеј на пријателството 2024“ за идните асови на фигиталниот спорт.

Навистина сум среќен што бев дел од овој проект. Изминатата недела се запознав со голем број деца од целиот свет со кои делиме заедничка пасија – фудбалот. Со соиграчите се пласиравме во финалето и сме многу задоволни од натпреварот, иако не победивме. Иако не победивме, од Казан си одам побогат со многу нови пријателства, искуства и неверојатно дружење.“ – изјави Давид Џољевски од Фудбалската АкадемијаГрозданоски“.


Чест, победнички дух, посветеност, мир, здравје, фер игра, еднаквост, традиција и најважно од сѐ – пријателство, се вредностите кои уште еднаш триумфираа на дружењето на младите спортисти од светот. Новиот формат “фигитал“ го положи испитот кај најсериозното младинско жири кое со радост ја очекува новата можност “Фудбал за пријателство“ да ја потврди својата благородна улога на „Идните игри“ во Казахстан за подобра иднина на нашите деца!