ФОТО: Спортски апсурд, Ѓоковиќ победи на Вимблдон и падна седум места на АТП

Седма титула на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, тоа ќе значеше прогрес за Србинот на АТП листата, но ова што се случи сега со бодувањето, односно со недоделување на бодови, е спортски апсурд на годината.

Причина е одлуката на АТП да не доделува бодови за годинашново одржување на Вимблдон, како одговор на одлуката на организаторите на овој Грен слем турнирот да не дозволи учество на тенисери од Русија и Белорусија.

Сега Ѓоковиќ е седми на табелата на АТП, Данил Медведев останува на врвот.