ФОТО: Србинот Никола Јокиќ повторно МВП во НБА лигата

Никола Јокиќ повторно ќе биде МВП во НБА лигата, најпрестижната индивидуална награда во најсилната кошаркарска лига втора сезона ќе заврши во рацете на Србинот.

Оваа информација прв ја објави добро упатениот новинар Адријан Војнаровски, 

Јокиќ  сезонава  има  подобра статистика од претходната, запиша 27,1 поени во просек по натпревар, 13,9 скокови и 7,9 асистенции.

Воедно, Јокиќ е првиот кошаркар во НБА со повеќе од 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона.