(ФОТО) Столе Стоилов цар за животните

Знае да помага. Тоа му е во крвта. Нема двоумење за помош кога е најпотребна

Нашиот ракометен херој, Столе Стоилов не само што срцето го остава на терен туку и има големо срце за љубовта кон животните. 

Тој е редок пример како се сакаат миленици, па на својот “Фејсбук” профил постојано објавува фотографии со животни кои треба да се вдомат или да им се помогне. 

Неретко упатува и апели кон институциите за помош и грижа, а и самиот се ангажира околу помагањето. 

Најмногу е засегнат за бездомните кучиња и мачки, а преку неговите постови луѓето често ги вдомуваат. 

Браво Столе!

Н.Т.