ФОТО: Супер фудбалскиот талент од Македонија, Бесар Гуџуфи, потпиша за Бешикташ

Бесар Гуџуфи е нов играч на Бешикташ, со 18 години потпиша професионален договор со турскиот клуб.

Младинскиот репрезентативец на Македонија, во селекцијата до 19 години, е нов играч на Бешикташ, ќе игра за вториот тим, но е регистриран и за најсилниот.

Инаку Гуџуфи има настапи за сите младински селекции на Македонија, У15, У17, У18 и У19, од Беласица до Турција, инаку е „дете“ на Вардар.