ФОТО: Светски рекорд на аукција, дрес на Џордан продаден за 10 милиони долари

Мајкл Џордан продаде дрес за 10 милиони долари на аукција, некогашната ѕвезда на Чикаго Булс и легендарен кошаркар, еден од најдобрите на сите времиња, профитира и по завршувањето на кариерата.

Дресот кој Џордан го носеше на  првиот меч во НБА финалето од 1998 година се продаде за фантастична сума која изнесува 10,1 милиони долари на аукцијата која се одржала во четвртокот.

Со ова, Џордан постави рекорд, претходно на првото место беше дресот на Диего Армандо Марадона со кој го постигнал таканаречениот гол „Божја рака“ за  9,3 милиони долари.