Спорт // Спорт
                    
                    
                
                
                ФОТО: Трајковски постави нов македонски рекорд на 100 метри
 
                    Нашиот атлетичар и репрезентативец на Македонија, член на АК Работнички, Андреас Трајковски денес на атлетскиот митинг во Копенхаген постави нов национален рекорд на 100 метри со резултат од 10 секунди и 50 стотинки, освојуваќи го 3-то место на трката.
Да потсетиме, досегашниот македонски рекорд изнесуваше 10 секунди и 59 стотинки поставен оваа година на 1 мај од страна на Јован Стојовски.

 
                    