ФОТО: Вардар драматично загуби на пенали, Нексе оди на Ф4 турнирот

Македонскиот првак Вардар, нема да игра на завршниот Ф4 турнир во СЕХА лигата, Нексе запиша победапо пеналите на драмтичниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар и Нексе одиграа нерешено 28-28, во финишот се влезе со 26-26, гол за гол, а Северец израмни на 28-28, Вардар не го искористи последниот напад, иако имаше 17-секунди до крајот.


Во пенал рулетот, Нексе подобар, запиша триумф 32-30. Филип Талески постигна 11 гола, Дејан Манасков мечот го заврши со ефект од 8 погодоци.