ФОТО: Вардар го победи Партизан, Комити извонредни на трибините

Вардар ја запиша првата победа сезонава  во СЕХА лигата, втор меч а прв на домашен терен. 

Партизан од Белград е поразен со  31-26, црвено-црните имаа предност во првиот дел  од два гола разлика, иако во еден момент  водеа и со четири. 

Вардар имаше и падови во играта, па му дозволи на Партизан да  дојде до израмнување 19-19 во 42-та минута, но македонскиот шампион со поддршка од Комитите стигна до до триумф изрзен со пет гола разлика.

Талески беше најефикасен со 9 погодоци, 8 постигна Манасков а 7 Стоилов.