Спорт // Спорт
ФОТО: Вардар го врати Попзлатанов, големо засилување за црвено-црните
Вардар има второ засилување, во клубот се враќа Јован Попзалтанов, кој го напушти тимот на Македонија ЃП и во новата сезона ќе игра во црвено-црниот дрес.
Попзлатанов играше во Вардар од 2017/2018 до 2020/2021, и за него ова е враќање во клубот со кој сака да се врати во ПМФЛ.
„Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона“- објави ФК Вардар.