Спорт // Спорт
ФОТО: Вардар ја освои 15-та титула, шест играчи добија специјални подароци
Вардар ја одбрани шампионската титула, во Скопје го победи Тиквеш со 37-25, стигна до седмата титула по ред, и вкупно 15-та во историјата во Македонија.
Пред почетокот на натпреварот Вардар - Тиквеш, шестмина играчи добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во „црвено-црниот“ дрес и освоените трофеи а заминуваат од клубот.
„На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари им посакуваме многу успех во натамошната кариера“ - порачаа од Вардар.