ФОТО-ВИДЕО: Струга максимална и по 7. коло, Шкупи го растури Работнички

Денес се комплетира 7. коло во ПМФЛ,  лидерот Струга не застанува, седум од седум, перфектен старт, го победија Скопје со 3-0.

Малески, Ибраими и Шабани погодија за максимален број на победи за Струга.

Шкупи повторно победува, го растури Работнички со 5-0, Маргвелашвили , Цефас , Ѓоргиев  и Куевен погодија во првиот дел, а Алварез запиша гол во второто полувреме за конечни 5-0.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1568988585876930560

Александар Васоски тргна со пораз на клупата на Академија Пандев, загубија од Тиквеш со 2-1.

Резултати, 7 коло:

Струга - Скопје 3-0

Тиквеш - Академија Пандев 2-1

Шкупи - Работнички 5-0

Победа - Брегалница 1-0

Вчера:

Македонија ЃП - Силекс 0-1