(ФОТО) Водителот секогаш во служба на доброто

Секогаш помага кога ќе му се укаже можност. Водителот Ване Маркоски беше во посета на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп "Порака Неготиво".

Заедно се дружеше со сите челенови кои беа изненадени од омилениот телевизиски лик.

Инаку, центарот е доброволна, самостојна, некомерцијална организација на родители на лица со попреченост во менталниот развој и самите лица, формирана за социјално хумани цели, за обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на територијата на нашата земја, како и остварување и заштита на нивните економски, социјални, културни, хуманитарни, образовни, спортски и други права. 

Н.Т.