ФОТО: Заврши црната серија, Македонија ја победи Романија

Македонската одбојкарска репрезентација по трите порази во низа, запиша победа против Романија  со 3-1.

Македонија имаше проблем само во вториот сет, останатите нашата репрезентација доминираше, по сетови 25-21, 22-25, 25-19 и 25-22.

И покрај поразот, Романија е прва со 11 бода, Албанија ја победи  БиХ со 3-0 и е на второто место на табелата со 10 бода, додека  Македонија има седум.