ФОТОГАЛЕРИЈА: Кошаркарите го одработија првиот тренинг, утре дуел против фаворитот Шпанија

Нашите најдобри кошаркари денеска го одработија и првиот од трите предвидени тренинзи во Сарагоса, каде утре вечер, со почеток од 19.30 часот, ќе го одиграат натпреварот од 5. квалификациско коло за пласман на СК 2023, во кој за противник ја имаме селекцијата на Шпанија.

Селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти ги имаа на располагање сите 12. кошаркари на кои смета за утрешниот дуел со актуелниот бранител на светската круна.

А се чини дека Професорот Александар Кукриќ имаше и најмногу работа, да направи максимална „рекуперација“ на играчите, по вчерашниот долг пат до Сарагоса. 

Според првичниот план, нашата селекција ќе тренира и вечерва, во термин за кој е предвиден и натпреварот, од 19.30 часот( до 21.часот). Многу веројатно е дека ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот, и тоа во периодот од 11 до 12.30 часот.