ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија ја скрши Малта во вториот дел

Македонија ја скрши Малта во вториот дел со головите на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, разочаравме во првиот дел, но важни се трите бода на стартот од квалификациите за ЕП 2024.

Македонија запиша победа и тоа е најважното од мечот со Малта, Елмас во 66 и Чурлинов во  72 минута беа играчите кои го решија мечот.