ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија отпатува за Абу Даби, следува средба со Саудиска Арабија

Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи од домашното првенство и неколку од странство, вечерва патува за Абу Даби, в сабота се среќаваме со Саудиска Арабија, средба контролна и од затворен тип.

Македонските репрезентативци патуваат вечерва, без фудбалерот  на Септември Софија, Мартин Стојанов, кој  нема да настапи на средбата со Саудиска Арабија во Абу Даби.

Денеска на Стојанов му беа извршени детални лекарски прегледи (снимања) и беше потврдена повреда. 

Селекторот Милевски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Мартин Стојанов. (временски ограничувања во однос на добивање виза за ОАЕ).