ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија се подготвува за Фарски Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија по победата против Малта се среќава со Фарски Острови во понеделник од 18 часот во Скопје, средба од пријателски карактер.

Денеска националниот тим тренираше на теренот на ФФМ, ведри и расположени со новиот играч Манев кој е дополнително повикан по потврдата дека голманот Димитриевски, дефанзивците Зајков и Муслиу ќе го пропуштат мечот во понеделник.