Спорт // Спорт
ФОТОГАЛЕРИЈА: Пораз кој боли со играч помалку, Македонија загуби од Бугарија
Македонија со пораз го заврши настапот во Лигата на нации, Бугарија запиша победа со еден гол, претходно Тодороски доби директен црвен картон.
Македонија започна добро и офанзивно, но во 14 минута, по првиот старт на мечот на Тодороски, судијата од Австрија, Вајнбергер, покажа директен црвен картон за нашиот репрезентативец.
Тоа секако влијаеше на играта и резултатот, а во првиот дел преку Милан Ристовски ние ја имавме најсериозната шанса за гол со шут од далечина.
Во второто полувреме со голот на Десподов во 50 минута, кој погоди и на првиот меч во Разград, Бугарија поведе и запиша победа.