Спорт // Спорт
ФОТОГАЛЕРИЈА: Претседателот на ФФМ, Сејдини му подари дрес на Панчев, кобрата доби дрес и од Црвена Звезда
Дарко Панчев, легендарниот македонски фудбалер, доби документарен филм за неговата кариера, а премиеритата беше вечерва во Скопје.
„Патот на Кобра до ѕвездите“, е посветен на Дарко Панчев кој беше поздравен од преполната сала во хотел „Александар Палас“ на кој присуствуваа големи фудбалски ѕвезди од соседството, поранешни соиграчи на Панчев...
Панчев доби подарок од Мухамед Сејдини, претседателот на ФФМ му врачи дрес од Македонија со бројот девет, а подарок имаше и од Бошко Ѓуровски, кој му подари дрес од Црвена Звезда.
На премиерата присуствуваа Савиќевиќ, Пикси, Маровиќ, Рингов и многу други видни личности од спортскиот и не само спортскиот живот во Македонија...