ФОТОГАЛЕРИЈА: Работнички започна нова „ера“, Љупчо Марковски - Калц го одржа првиот тренинг

ФК Работнички денеска ги стартува летните подготовки за новата сезона во Првата фудбалска лига. Новиот шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски,  ја изврши првата прозивка на фудбалерите во клупската база од 18 часот, а потоа беше одржан и првиот тренинг.

Првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Скопје, на сопствениот комплекс.

Како што веќе информиравме, ново име во редовите на Работнички е голманот Игор Алексовски, кој доаѓа од Ренова.

ФОТО: ФК РАБОТНИЧКИ