ФОТОГАЛЕРИЈА: Шкупи подготовен за победнички почеток во квалификациите за Лигата на шампионите

Шкупи утре од 20.45 часот го пречекува Линколн од Гибралтар, прво квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите, средбата се игра на арената „Тодор Проески“.

Македонскиот шампион е фаворит,  Линколн може да биде незгоден, а тренерот Гоце Седлоски најавува победа.

Шкупи одржа тренинг на арената, атмосферата е победничка.