ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар ја освои Битола, го откажа Еурофарм Пелистер од титулата

Вардар запиша победа во Битола против Еурофарм Пелистер и е пред одбрана на титулата во домашниот ракометен шампионат.

Во атмосфера како некогаш, Еурофарм Пелистер не го издржа притисокот, потклекна во финишот и загуби од Вардар со 23-26.

Суперлига (седмо коло)

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 23-26 (11-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Гледачи: 3.500

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Еурофарм Пелистер:

Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески, Мараш 3, Маркоски 2, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 3, Радовиќ 1, Танкоски 2, Костески, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 4, Табоада 1, Обрадовиќ 5, 

Седмерци: 2/1

Исклучувања: 2 минути

Вардар 1961:

Ристевски, Томовски, Петров, Стоилов 3, О. Њокас, Моралес 9, Георгиевски 3, Карапалевски, Диало, Савревски, Тото, Талески 6, Дибиров 3, Додиќ 2, Ѓукиќ, Мишевски

Седмерци: 3/2

Исклучувања: 2 минути