ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар сигурен против Саса

Во ВМФЛ се одигра 22 коло, Вардар  сигурен против Саса со 3-0. 

Десниќ во првото полувреме погоди за 1-0 за црвено-црните, а во финишот од мечот голови запишаа  Размоски и Митев за конечни 3-0.

Вардар е лидер со 55 бода, пред Воска Спорт со 53 бода, следуваат Гостивар со 51 освоен бод, на четвртото место  е Пелистер кој на контото има 46 бода. 

Вардар – Каменица Саса 3:0

Пелистер – Детонит 2:0

Беласица – Гостивар 0:3

Тетекс – Беса 1:2

Слога В. – Воска 1:3

Охрид – Борец 2:0

Арсими – Караорман 3:1

ФОТО: ФК ВАРДАР