ФОТОГАЛЕРИЈА:Адеми и Ристовски се во Скопје, претседателот Сејдини и Милевски им посакаа добредојде

Капитенот на фудбалската репрезентација, Стефан Ристовски и Аријан Адеми се приклучија на националниот тим пред дуелот со Малта в четврток.

Во хотелот Хилтон  тие беа пречекани од првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, селекторот Благоја Милевски и спортскиот директор на репрезентацијата, Дени Масев.

Ова е знак на единство кое е потребно на нашиот тим во пресрет на првиот меч во квалфикациите за ЕП 2024.