Фотографии од младите кои починаа во Посушје: Само еден се спаси
Завија се‘ во црно...
Ракитно и неговите жители се завиткани во црно. Од осумтемина кои починаа на новогодишната прослава, дури шестмина се од тоа мало место лоцирано покрај патот што води од Посушје до Блидиње, скијачки центар и парк на природата.
Имено, ова се случувало во Босна, на Новогодипната ноќ. Кобна ноќ. Сите се млади, во цутот на младоста.
- Невидена трагедија! Можете само да замислите што значи тоа за ова место со 1500 жители. Сите беа од иста генерација, се познаваа и се дружеа уште од најмала возраст, а сите нивни семејства се во роднинска врска или се нивни први соседи. Не дај Боже! - ни рече еден од жителите на Ракитно.
Сите се прашуваат како е можно да се случила ваква трагедија и која е всушност причината.
- Сите зборуваат за генераторот. Некои велат дека било на нафта, други дека е гас. Несреќната младина очигледно ја игнорирала опасноста од него и го оставила да работи во таа куќа. Грешката беше фатална - коментира еден жител.
На прославата имало и деветта личност, човек со слична возраст како мртвите. Тој одлучил да замине по полноќ затоа што следното утро бил рано на работа.
Единствениот преживеан од новогодишната прослава дозна за трагедијата следното утро. Во состојба на шок, неговото семејство го одвело од Блидиње до Ракитно.
Извор и фото: Слободна Босна