Фотографии од руската „бомба“ го преплавија интернетот: Нејзината позадина во преден план (ФОТО)
Руската манекенка уште еднаш докажа колку е фатална за
мажите...
Ирина Шајк беше добредојдена гостинка на неодамна одржаната ревија на „Викторија сикрет“. Таа гордо се прошета на модната писта во улога на модел, а сите присутни ги остави без здив.
Фаталната Русинка за оваа пригода носеше атрактивно боди од црна тантела, а целото издание го комплетирала со мрежеста наметка со интересни детали во форма на ѕвезди.
Таа на Инстаграм објави фотографии од таа вечер, а благодарение на нејзиниот уметнички дух имавме можност да видиме што „се случувало зад сцената“.
Прелистувајќи ги нејзините фотографии видовме како течеле подготовките за овој моден спектакл, а посебно внимание привлече една фотографија.
Имено, Ирина гордо ја покажа позадината пред објективот на фотоапаратот, а она што остана е нејзиниот автентичен заводнички изглед кој ја краси со години.
Како ви се допаѓа нејзиното издание надвор од модната писта?
Фото: Инстаграм