Фотографијата со која Илон Маск тукушто го урна интернетот (ФОТО)

Предизвика лавина од коментари.

Кога сте еден од најбогатите луѓе на светот, целата планета го следи секој ваш потег. И кога објавувате нешто малку поинакво на социјалните мрежи, тоа го урива интернетот.

Така беше неодамна кога Илон Маск објави фотографија и специфичен стајлинг на Твитер.

Тој позира таму во беж ролка со златна капа и очила, гледајќи замислено во далечината.

Но, она што најмногу привлече внимание е неговата бела јакна.


Како некој рапер кој се мафта со скапа облека, Илон реши да им се пофали на своите следбеници со бела зимска јакна, без сомнение сакајќи да интригира.

Сепак, веројатно не очекуваше во која насока ќе се движи сето тоа.

Недолго откако ја објави фотографијата, многумина се надоврзаа во коментарите и почнаа да споделуваат фотографија од папата Франциско, кој некогаш бил виден во речиси иста јакна.