ФОТО/ВИДЕО: Македонија не ги искористи своите шанси, Грузија не казни и порази во Тбилиси
Грузија ја совлада Македонија со 2-0, резултатот не е реален исход на настаните на средбата, со оглед на играта на македонската репрезентација, шансите, поседот на топката, заслуживме најмалку бод, ако не и сите три, но две наши грешки, го одредија победникот на мечот.
Во Тбилиси Македонија не разочара, но со две грешки, Грузија двапати ја казни нашата репрезентација, по еднаш во првиот и вториот дел за втор пораз од оваа селекција во Лигата на нации.
Грузија го доби финишот на првото полувреме, постигна гол во 35 минута, Кваратскелија остро нафрли, а Миовски ја погоди сопствената мрежа. Претходно , Барди, Елмас, Спировски и Миовски се закануваа, но не ја погодија противничката мрежа.
ВИДЕО:
https://twitter.com/dribling2021/status/1573353509415780354
Во вториот дел Македонија тргна супериорно, Елмас во 46 и 49 минута, потоа, Миовски во 52, Алиоски 53 и Барди со шут од дистанца во 54 минута се закануваа по голот на Грузија, но гол едноставно нема.
Во 64 минута, Дарко Велковски греши, класична контра, со гол на Кваратскелија, Грузија поведе со 2-0.
ВИДЕО:
https://twitter.com/dribling2021/status/1573364663454138370
Ашковски имаше соло акција и обид во 75 минута, да намали на 2-1, но не успеа. Барди во 79 минута од слобден удар шутира прецизно, но голманот на Грузија, Мамардашвили со одличен рефлекс го сочува својот гол.
Следно за Македонија е дуелот со Бугарија во понеделник од 20-45 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.