Фризурата на Серџио Агуеро
Серџио Агуеро има фризура која многумина сакаат да ја копираат ...
Отсекогаш е познато дека фудбалерите имаат најдобри фризури. Не знаеме зошто е тоа така, но едноставно така е!
Серџио Агуеро е еден од оние фудбалери чија фризура би можел да ја имал секој.
Неговата фризура е мешавина од „фринџ“ и благ „фејд“, а се карактеризира со подолги шишки кои се креваат напред и изгледаат како бран на главата.
Токму ова е причината зошто многу мажи, млади и стари, сакаат да ја реплицираат оваа фризура и да ја користат како главно оружје за подобрување на нивниот стил и промена на нивниот имиџ.
Тимот од каналот Јутјуб "Slikhaar TV" ни покажа како да ја создадеме, па гледајте го овој клип, прикажете му го на вашиот фризер и ќе ја имате вашата фризура од соништата.