Фројд со една реченица кажал сѐ

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и татко на психоанализата ни остави генијални мудрости и изреки за сите времиња. Меѓу нив е и лекцијата која секој треба да ја запамети - Како да препознаете глупави луѓе?

- Првиот знак за глупав човек е комплетно отсуство на срам - рекол Фројд.

Кога ќе наидете на ситуација да ви е срам поради нечие туѓо однесување или изјава, или се чудите на нечии луди постапки, тогаш знаете со кого си имате работа.

- Ако не ве почитуваат, немојте да се докажувате. Бидете тоа што сте! Не е проблемот во вас, во нив е! Немојте поради тоа да ги спуштате вашите критериуми и да правите се што тие ќе посакаат, па да изигравате кловн. Верувајте дека во еден момент ќе ве искористат, тоа е скриено во луѓето. Кога ќе им дадете еден прст, тие земаат цела рака - рекол тој.

За лошите намери дополнил..

- Ако не ви веруваат, немојте да се докажувате и да се правдате за тоа што го работите, како го работите и зошто го работите. Кога не сакаат да веруваат, нема ни потоа. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Доволно е да останете верни на себе си и покрај сѐ и ќе видете како работите после некое време ќе се променат. Но, не очекувајте промена преку ноќ - подвлекол Фројд.