Фудбалер на Бешикташ сака да посвои девојче кое остана сираче по земјотресот

Играчот од средниот ред на Бешикташ, Јозеф де Соуза и неговата сопруга сакаат да посвојат дете кое го загуби целото семејство во земјотресите на 6 февруари во Турција, објави gsp.ro, пренесе bTV.

Јозеф де Соуза има 34 години и игра за гигантот од Истанбул од летото 2020 година, откако играше за Фенербахче помеѓу 2015 и 2018 година.

Земјотресите на 6 февруари во кои загинаа повеќе од 36.000 луѓе во Турција и Сирија не го оставија рамнодушен.

Играчот од средниот ред беше во областа Кахраманмарас, епицентарот на првиот земјотрес, најголемиот, со јачина од 7,8 степени. Видел деца извлечени од под урнатините, бил со нив и во болница.

Соуза дозна дека едно од нив останало без семејство. „Разговарав со сопругата и решив да посвојам девојче“, пишува весникот „Хуриет“.

Има идеја и да изгради сиропиталиште во Истанбул.

Сепак, додека официјално не се потврди смртта на роднините на девојчето, посвојувањето не може да се случи.

„Нашите деца, чии семејства и роднини не можат да се најдат, се згрижени во институциите и се задоволени сите нивни потреби. Во тек се напори за пронаоѓање на преживеани и жртви. Затоа, во оваа фаза не може да се дозволи посвојување“, се вели во соопштението на Министерството за семејство и социјални услуги.


Фото и Извор: Новинарник.бг