Фудбалерот Илија Несторовски: Оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија
– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, – напиша фудбалерот Илија Несторовски болничкиот кревет. Имено, тој заработи една од најтешките фудбалски повреди- кинење на предниот вкрстен лигамент, па веднаш му беше направена успешна операција во Италија. Ина се повреди на тренингот со неговиот тим Удинезе.
Фудбалерот Елиф Елмас му упати поддржка на инстаграм стори, а поддршка стигнува и од другите фудбалери.