Фудбалската федерација на Македонија донираше опрема за женските фудбалски клубови

Денеска во просториите на „Куќата на фудбалот", Фудбалската федерација на Македонија согласно проектот на УЕФА за развој на женскиот младински фудбал во рамките на „Хет трик V" програмата, донираше спортска опрема на 21 клуб кои се натпреваруваат во женските фудбалски лиги.

Фудбалската федерација на Македонија подели опрема која се состои од комплет дресови и тренерки за фудбалерките и комплет опрема за тренерите од Прва и Втора ЖФЛ и младинските и кадетските женски лиги од организираниот систем на натпреварувања на ФФМ.

Донација добија следните клубови:

клуб

1

ЖФК ТОП ГОЛ

2

ЖФК АТЛЕТИКО

3

ЖФК ПЛАЧКОВИЦА

4

ЖФК ПОРЕЧЕ

5

ЖФК ЏИ ЏИ

6

ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

7

ЖФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО

8

ЖФК СКОПЈЕ

9

ЖФК КАМЕНИЦА САСА

10

ЖФК ТИВЕРИЈА

11

ЖФК ИСТАТОВ

12

ЖФК АСС ЈУНАЈТЕД

13

ЖФК ЉУБОТЕН

14

ЖФК ШКЕНДИЈА

15

ЖФК ТИКВЕШАНКИ

16

ЖФК РЕЧИЦА

17

ЖФК ССК 1965 

18

ЖФК ФУДБАЛ СТАРС

19

ЖФК ДЕСПИНА

20

ЖФК КОЧАНИ

21

ЖФК БОРЕЦ