Фуриозно до врвот - момчето со инструментот кое прави чуда: Интервју со Мишел Трајковски, виртуозот на хармоника

Со неговиот талент, скромност и позитивност ги освои срцата на публиката. Уникатноста на неговото музицирање на најразлични жанрови и доближување на специфичните музички стилови, преку ноти отсвирени на хармоника, си го загарантира местото во првите помеѓу музичарите на нашата естрада.
Мишел Трајковски талентирано момче кое може да го видиме во најразлични музички проекти со голем број музички и актерски легенди, но и онаму каде што најмалку очекуваме дека може да се појави.
Со неговата хармоника свири, забавно, народно, поп, рок, џез, се што има ноти, Мишел го претвора во убава музика за слушање.
Уникатен е и по неговото име кое го носи од неговиот дедо, кое само добило некоја помодерна варијанта.
За детството, музичките проекти, девојките, неговиот брат кој исто така е уметник, но и за познанството со Андреј од ДНК ви откриваме во интервјуто.
Има само 30 години а веќе богато портфолио во светот на музиката. Мишел Трајковски е момчето со хармониката кое прави чуда, од соработки со еминентни музички имиња од македонската забавна и народна сцена, преку авторска музика и албуми, па се до музика за филмски проекти. Верува во себе и она што работи, па и затоа е успешен.
- Постои една изрека која вели „внимавајте што посакувате, големи се шансите истото да ви се оствари“. Па затоа внимателно, но со огромна радост можам да ги споделам сите оние убави и релизирани музички остварувања. Животот е полн со изненадувања, силната верба кон бога, чесната и чиста мисла кон она кое го работам ме води кон непречена реализација на идеите кои пловат низ моите мисли.
Првиот јавен настап на Мишел бил во 2002 година на патрониот празник на основното училиште „Страшо Пинџур“ каде што учел и од каде ги има најубавите спомени од детството.
Мишел со хармониката се запознава на 7 годишна возраст и од тогаш активно го вежба својот талент. Поддршката за неговиот избор ја имал од неговите родители.
Целиот текст на ЖЕНСКИ МАГАЗИН