ФУТСАЛ: Македонија загуби од Шведска

Футсал репрезентацијата на Македонија, вечерва загуби од Шведска во квалификациите за Светското првенство.

„трите круни“ беа подобри од Македонија во Алингсас со 5-2. Македонија прва поведе а птоа не успеа да ја задржи или зголеми предноста.

Головите за Македонија се дело на Петровиќ и Мицевски. Следно за нашиот национален тим е  натпреварот со Италија на домашен терен на 12 октомври во „Јане Сандански“ од 19:00 часот.