ФУТСАЛ У19: Нерешено со Германија, пораз против Косово
Македонската футсал репрезентација на Македонија до 19 години ги одигра двата натпревари во Скопје против Германија и Косово од претквалификациите за пласман во главната фаза квалификации за Европско првенство.
Двата натпревари од претквалификациите се одиграа во С.Ц. Јане Сандански.
Избраниците на селекторот Зоран Леќик во првиот меч одиграа нерешено против Германија 3:3. Противникот одлично го започна натпреварот и преку Никлас поведе со 1:0. Керем успеа да ја зголеми предноста на селекцијата на Германија. Во продолжението од средбата, Македонија успеа да ги консолидира своите редови и успеа да направи комплетен пресврт, постигнувајќи три гола. Анчевски погоди два пати, додека стрелец на третиот погодок беше Русевски. Конечните 3:3 беа дело на Екуеви.
Во вториот натпревар против Косово, Македонија имаше предност од два гола на полувремето, но на крај беше поразена со вкупен резултат 6:3. Јосифовски беше стрелец на првиот гол за нас, на 2:0 зголеми Скеоаровски. Во продолжението од средбата, Косово успеа да постигне 6 погодоци. По два гола постигнаа Красниќи и Кабаши. По еден погодок постигнаа Бајрактари и Абдулаху. Третиот погодок за Македонија беше дело на Јанев.