Гал Гадот гази: „Wonder Woman 1984“ со огромна заработка
Ова е најголемата заработка во киносалите низ Северна Америка од првите затворања на почетокот од ширењето на COVID-19.
Имено, Филмот „Wonder Woman 1984“ со Гал Гадот заработи 85 милиони долари на глобално ниво, објавија од Warner Bros., а сега ги потврдуваат плановите и за трет филм.
Се проценува дека 16,7 милиони долари се заработени само од прикажувањата во киносалите низ САД и Канада во текот на празничниот викенд, пренесе AP.
.Исто така, филмот го гледаа милиони луѓе во своите домови бидејќи беше достапен преку HBO Max.
„Wonder Woman 1984 ги надмина очекувањата и постави рекорд низ светот со големата гледаност и достапноста во првите 24 часа од прикажувањето во текот на празничниот викенд, а гледаноста ќе продолжи и по празниците. Во овие тешки времиња, беше навистина добро да им дадеме на семејствата опција за уживање во филмот додека луѓето се во нивните домови, кога веќе киното не е толку можна опција“, стои во објавата на студиото, а што се покажа и како добра бизнис опција.