(ГАЛЕРИЈА) Инфинити базен и логорски оган: Како изгледата новата вила на Роналдо?

Со богатство кое се проценува на 450 милиони долари, можеме слободно да кажеме дека Кристијано Роналдо има доволно пари за трошење и љубов кон луксузниот свет. На неговиот Инстаграм профил често може да видиме како и колку тој ужива во животот, со приватни авиони, одлични автомобили, јахти и вили кои се појавуваат на фотографиите. Сега, фудбалерот на Јувентус ќе има уште можност да прави неверојатни објави на својот Инстаграм профил, бидејќи себе си се почести со луксузна шпанска вила од 1.6 милиони долари.

Вториот најплатен спортист на светот, кој оваа година заработи 109 милиони долари, се почести со четирисобна викендица во Марбеља, а еден од комшиите му е Конор Мегрегот. Ова е втора вила која Роналдо ја купи - првата вила чинела 5.8 милиони долари, а истата има гигантски портрети од познатиот фудбалер.

Новата вила е со чисти, модерни линии и бела фасада, која е одличен контраст на плавите бранови. Високите плафони и пространи панорамски прозорци пропуштаат изобилие од природна светлина во животниот простор, додека елегантно лебдечките скали поврзуваат две нивоа. Пространата главна спална соба има масивен вграден гардеробер, приватна бања и секако неверојатен поглед.

Беспрекорно дизајнираната вила исто така поседува и hi-tech висока автоматизација, со која се контролира осветлувањето, климата и забавниот систем. Покрај тоа, тука е винскиот подрум, приватната теретана и киното.

Во екстериерот има одлично дизајнирана градина, совршена за една партија фудбал, инфинити базен и спуштен логорски огин со отворена ложа.


Извор: luxlife.rs