(ГАЛЕРИЈА) Изгледајте како Дејвид Бекам!
Поранешниот фудбалер е добро познат по неговата способност да ја носи облеката на најдобар можен начин и секогаш да биде во фокусот на светското внимание.
А, како да не биде еден од најдобро облечените мажи во светот кога Викторија му е сопруга и моментално една од најдобрите модни дизајнерки на денешницата.
Дејвид Бекам секогаш освојува со стилот на облекување. Неговата способност да биде фасцинантен и на фудбалскиот терен и пред камерите, го прави неодоллив. Без разлика дали ќе го видиме на Вимблдон во најтесни кошули или пак на црвениот килим во ултра модерен костум, тој гарантира нов тек на модата.
Според многумина, неговото совршено тело го обожаваат модните дизајнери, па се „тепаат“ кој да го облекува, а со самото тоа да им биде подвижна реклама. Но Бекам најчесто сам ги комбинира парчињата, по сугестија на Викторија, а неговиот осет за модата до сега се покажа како непогрешлив.
Прогласуван е неколку пати за маж на годината, за трендсетер на годината, за фудбалер на годината... Тетоважите што ги има му се дополнителен адут кога е во прашање неговиот стил, секако и косата чија должина често ја менува.