(ГАЛЕРИЈА) Како изгледа животот на супер богатиот принц од Брунеј?
Постојат многу работи што не ги знаеме за азиската земја Брунеј, мала нација која се наоѓа на островот Борнео…
Сепак, од друга страна, знаеме дека султанот на Брунеј е неверојатно богат
човек кој обожава злато, сето она што е најскапо и ексклузивно, како и фактот
дека поседува една од најневеројатните колекции на скапи автомобили. Неговиот
син, принцот од Брунеј, исто така, без многу срам и скромност, го претставува
неговото богатство...
На дваесет и шестгодишна возраст, неговото Кралско височество, принцот Абдул Матеин ужива да споделува фотографии од својот неверојатен живот и авантурите со своите 733.000 следбеници на Инстаграм, каде е познат едноставно како Матејен.
Тој е еден од петте синови и седум ќерки кои се деца на владетелот на Брунеј, султанот Хасанал Болкиј. Со татко, чие богатство се проценува на 20 милијарди долари, неговиот животен стил уште од самиот почеток беше доста раскошен. Матеј ужива да игра поло, да лета приватни авиони, а поголемиот дел од времето го поминува на плажи. Сепак, по едно интервју, младиот принц е опишан како приземјен човек кој не сака да се фали за богатството на своето семејство, кој повеќе се интересира за едноставен живот, за работите што ги сака, времето поминато со семејството и пријателите и други благородни аспирации.
Од друга страна, неговиот живот не изгледа толку обичен, особено ако погледнете подлабоко на неговиот профил на Инстаграм. Прелистајте ја нашата галерија ако сакате да знаете за што станува збор