(ГАЛЕРИЈА) Колку чини јахтата која ја изнајмува Роналдо?

Фудбалската ѕвезда, неговата девојка и деца уживаат во слободното време на француската ривиера..

Роналдо во друштво со неговата девојка Џорџина Родригез и неговите 4 деца, прават пауза од своите обврзани животи, па одлучија да се одморат на својата сопствена „Benetti“ јахта, наречена „Африка 1“. Оваа шестчлена фамилија ужива на бродот со сите луксузни погодности, ако судиме по инстаграм објавите кои Роналдо и неговата девојка ги споделија со своите фанови.

Со цена за изнајмување од 221.500долари неделно надвор од сезоната и 245.00 долари на сред сезона, оваа јахта со должина од 154 стапки делува како идеален начин за бегство од лудилото кое го прати еден од најголемите фудбалери на светот. Бродот поседува модерен ентериер, кој нуди доволно место за дванаесет луѓе во шест кабини, вклучувајќи и мастер апартман кој е најголем. Исто така, овде е достапно и џакузи, огромна трпезарија и простори за седење, бар и теретана.

А освен тоа, тука е и она за кое најмногу се радува најстариот син на Роналдо – широк асортиман играчки за вода, вклучувајќи и водени скии и воздушен тобоган со висина од три спрата. Покрај сите овие погодности, јахтата доаѓа во прилог со 9 членови, што значи дека сите гости ќе имаат прилика да уживаат максимално во луксузниот третман кој го заслужуваат.

Цената за изнајмување на оваа јахта може да делува превисоко, но тоа не е ништо за Роналдо, кој минатата сезона заработи 109 милиони долари според податоците од магазинот „Форбс“. Сепак, таа цифра го става на една скала подолу во однос со Меси, кој заработил 127 милиони долари.